9 СОВЕТИ ЗА УБАВИНА СО ЧАЈ

Неколку голтки топол или ладен чај смируваат. Пијалокот од билки може да се употребува за домашен рецепт за убавина. Некои чаеви со векови се користат за подобрување на убавиот изглед на кожата и косата. Главно напивките од растенија се богати со антиоксиданси, содржат состојки за борба со воспаленијата и стареењето.

Чај за коса со сјај. Уште една причина поради која не треба да се фрлаат употребените кесички со црн чај. Кофеинот во црниот чај помага во намалувањето на протокот на крв во крвните садови и го редуцира црнилото кое се јавува во пределот на очите. Тој ги ослободува нозете од непријатната миризба. Танинот во чајот делува антибактериски и против габични заболувања. Така се регулира потењето и миризбата на нозете. Кесичките од  црн чај ја тонизираат и навлажнуваат сувата кожа. Доколку со памук двапати дневно се нанесе ладен зелен чај на лицето, тоа ќе придонесе за чистењето и за намалувањето на големите пори. Лицето ќе го врати природниот сјај.

Смирување на кожата од црвенило, пецкање и чешање по бричењето на нозете се постигнува со кесички со црн чај. Танинот го смирува непријатното чувство на кожата. За подобар тен се натопува сунѓерче во црн чај и се трие кожата. Против бели влакна без бојадисување и враќање на природната боја на косата се ставаат 3 кесички чај во еден филџан вода. Се додава лажичка рузмарин и се остава чајот една вечер. Другиот ден се користи како шампон со поливање, па се плакне косата. При секое миење се повторува процедурата. Сувата и оштетена коса ќе сјае со кесичка со чај во вода која врие. Се остава кесичката 15 минути. Изладениот чај се става на влажна коса да стои 10 минути. Потоа се употребува шампон.

На местото со изгореници од сонце се ставаат ладни облоги од чај. Тие помагаатда се намали болката и црвенилото. Оток од инсект се ублажува со директно ставање на ладна кесичка од чај од камилица.

Loading