ТРИЕСЕТ ГЛАСА ЗА РЕЏЕПИ

Џудо

Џудо федерацијата на Македонија доби нов претседател на Вонредното собрание во Прилеп. Тоа е Зеглул Реџепи. Се верува дека со него овој спорт врти нова страница, дека ќе има работа само според статутот и останатите законски акти. Се очекува избор на неколку важни комисии како што е судиската, избор на селектори на државните тимови, одржување на одложените државни првенства. Реџепи, вработен во МВР, е син на поглаварот на ИВЗ.

Потпретседател на ЏФМ е Благоја Гешоски.

Loading