ПРОЛЕТНА ЗДРАВА ВЕЧЕРА

veceraНа утро и претпладне има најголем избор на состојки за составување на оброк. Крајот на денот е време за избор на подготовка на вкусна и здрава вечера. При тоа треба да се има на ум дека вечерата треба да биде најмал оброк. Затоа се вели дека треба да се појадува како крал, да се руча како нормална личност, а вечерата треба да биде сиромашна, просјачка.

Изгледа тешко изводливо, но вреди да се проба за сметнување на вишок на килограми и за одржување на витата става.

Познато е дека организмот подобро се носи со протеини навечер. Белките се речиси чисти протеини, па затоа сварете две јајца, измешајте ги со многу зеленчуки и зачинете според вкусот. Втората варијанта е здрава салата со многу зелени состојки – спанаќ, брокула или зелена салата, малку домат, моркови, цвекло, краставица, зелка, пиперка, кромид и било кој друг зеленчук по желба. Се додава малку обезмрсено сирење, маслиново масло и сок од лимон.

Loading