„ПРЕВДОМУВАЊЕ“ ОД ЈАСМИНА РУНЕВСКА

Изложба

Originalen umetnicki izraz na  Runevski

„Превдомување“ е налсовот на изложбата од Јасмина Руневска што ќе биде отворена  вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,. На уметницата ова í е прва самостојна изложба, за која ќе говори Бисера Бендевска.

Изложбата е инсталација, имитација на Дом преку затворена композиција изработена со метална конструкција и саргии во вид на кружна соба. Исполнета со објекти, сувенири, звук, светлина, мирисби со цел да се воведе гледачот во приказната за амбиентална уметност, која преку оваа визуализација на домот раскажува нешто повеќе за идентитетот, традицијата, колективното несвесно.

– Селектирањето на стари предмети, сувенири, звуци, миризби, поставени во оваа соба претставува еден процес на прераскажување (превдомување) на некогашениот дамнешен дом на Другиот. Со откривање на нови места за стари објекти, или ставање на искористените предмети во некој друг визуелен контекст, обојувајќи ги со специфичен филтер, или едитирајќи разговори кои што ги слушаме секојдневно во различни ленти, овие приказни се преурамени и отворени за повеќе слојни читања. Значењето на асоцијациите што објектите ги имаат останува да биде протолкувано од публиката. Во зависност од нивното искуство, секој објект, звук, или збор носи различен субјективен референт, па зависно од тоа искуство секој го препрочитува од различна точка на гледиште, т.е. со друга меморија, идентитет или експресија – вели Руневска.

Според неа, ,,Превдомувањето,, е  претставено преку пронаоѓање на ново место, нов дом (дом како приказна, исполнета со спомени, мемории, традиција, заокружена со строго поставени бетонски граници врз метална конструкција) на веќе еднаш вдомените приказни, објекти, намештај, писма, мемории, облека.

Prva samostojna izlozba na Jasmina  Runevska pred sograganite

– Го пренесувам оттуѓувањето на луѓето, и повторно вдомување. Од една граница во друга. Од една адреса на друга. Со се нив и неколку предмети, објекти, мебел, писма, мемории, идентификации, облека, сапун… Од еден плакар во друг. Од една соба, во друга. Испишани се претходните мемории врз облеката и сапунот. Та сапунот ќе се потроши, ама ќе се сетиме на мирисот. Ќе треба да ја смениме адресата на личната карта, ама ќе ни остане во сеќавање и старата бројка. Плакарот ќе се смести во нов простор, но на него ќе се гледаат гребнатинките од едно дете кое ги направило со својата пластична закачалка – сабја. Дрвенатата рамка со истата фотографија од претходно пак поставена на креденецот, сега е избелена од секојдневното пребришување на прашината. И во вдоменоста наоѓаме оттуѓеност и во невдоменоста се пронаоѓаме. И обратно. И сите зборови, предмети, слики се обид да дообјаснат, обид да не доближат за да можеме пак да се оддалечиме, да се вдомиме, за пак да се оддомиме, да се присетеме – за да заборавиме. Како сé да е во дуализмот, во едното наспроти целото, во јаството наспроти другиот, во малите приказни наспроти големите. И сето ова го имаме во нашата меморија, во сеќавањето. Сеќавањето стои во тесна врска со идентитетот и постоењето на човечките битиа. Целото тоа сеќавање (талог) се насобира врз сите елементи, предмети, молекули. Тие раскажуваат цели постоења, односно, во нив се исчитува ,,минатото како сé уште актуелна презентност,,. Оттаму, идентитетот го пронаоѓам во сите предмети околу во секое дрво, во секоја ткаенина, во секое ладно парче метал. Тоа го собираме во нашите креденци. Себично го туткаме да не р’ѓоса, го пребришуваме, ги прередуваме одново и одново – додава авторката.

Руневска, која е претседател на ДЛУП, дипломирала на компаративна книжевност (2012) и ликовна уметност – сликарство 2014 во Скопје. Моменто подготвува магистерските труд по родови студии. Делата ги истражуваат проблемите на современиот женски идентитет преку меморијата и јазикот. Овие уметнички дела се состојат од мали субјективни приказни. Руневска изложувала во Индија, Франција, Турција, Србија, Македонија.

Loading