ПО БОДОВИ ВО СКОПЈЕ

Ракомет

Двонеделната пауза беше добредојдена за машкиот тим Прилеп, засилен со Димоски, Ангеловски, Бозароски и Петкоски. Викендов е важен меч со Вардар јуниор во Скопје. Целта се три плеј-аут бодови за опстанок. Табела: Радовиш 26, Металург ј. 13, Борец 12, Прилеп 10, Вардар ј. 9.

Женската Деспина пропушти можност за три победи во серија. По триумфот од 25-32 во Гевгелија, 19-28 над Овче Поле во Свети Николе, за малку ќе паднеше и фаворитот Куманово. По неискористен зицер, пенал и играч повеќе, во салата ,,Ричко” кумановките победија со 23-24. Викендов е гостување кај Пелистер. Табела: Вардар 66, Металург 44, Куманово и Пелистер 43, Вардар ј. 36, Деспина 18, Овче Поле 7, Гевгелија 5.

Loading