ХУМАНИТАРЕН ПРЕДВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ

Хорските ансамбли при храмот Св. Петка

Predveligdenski koncert za  dusa

 

Хорските ансамбли при храмот Св. Петка одржаа предвелигденски концерт со хуманитарен карактер. Ансамблите, под диригентската палка на протопсалт  м-р Гоце Секулоски, приредија извонредно музичко доживување со изведбите на композиции од источно црковно пеење, од Бадев, Мокрањац, Динев, Секулоски, како и руски црковни напеви.

-Потсетувајќи се на високата цена за нашиот живот, со прескапата Крв Христова, го слушнавме гласот на Преблагиот Господ. Со нашата музика дарувавме за ближните во часот на нивното искушение и да се зарадуваме со христовите зборови – ,,гладен бев и Ме нахранивте, болен бев и Ме посетивте,, – велат од црковните ансамбли.

Loading