„ВРЕМЕТО“ НИЗ ВРЕМИЊАТА

Ne udira ama e prostum

Има ли човек на кого не му застанува здивот од грандиозно извишениот камен „старец“ кои сé уште на своите коски ги крепи времињата и невремињата. Како да се поднаведнува, но “медицината” е напред, може да го под исправи. Велат, на Саатот му натежнуваат внатрешните скали. Други, дека столетната јасика која и беше години декор, го растерсила тлото со корнењето. Како и да е… 

Околу 38-те метри му пркосат на Марковите кули од 1858 година, Сега ќе се натпреварува и со висината на јарболот. А граден е на крст со жешка вар од Лауцо и Тасламиче. Визијата му била да изградат кула повисока од Џамијата. Но, не им дозволиле да биде повисока од исламскиот објект, затоа итрите мајстори камениот дел го подигнале  колку Џамијата, а со куполниот дрвен дел, го  надминува минарето. Во долниот дел од Кулата , жубори чешма.

На сликава интересно е сликнат “Часовникот”, од кај продавницата на Тиквеш, каде имало калдрмен килим. Живата ограда околу, го живнува “стариот времепловец”, а крошнестите дрвја се туркаат околу него.

“За времето кое минува часовникот жали и вика Ах” – му ставиле дијагноза на историскиот “пациент”. Културниот споменик опстојува со идејата, која како ревматизам, се влече  години: “Не радувај се човече на отчукувањето на Саатот. Со секое отчукување ти си постар”. Можеби затоа не се забележува и за Нова година нема да се бакнат стрелките.

Loading