ПРВА СТИХОЗБИРКА НА БЛАГИЦА БУНТЕСКА

4 Bunteska so prva ztihozbirka„Семејна лоза“ е првата стихозбирка со 69 песни од авторката Благица Бунтеска, што ќе биде претставена вечерва од 18 часот во библиотеката. Промотор ќе биде Виолета Христоска.

– Ги пренесов моите лични емоции, но има и патриотски песни излеани од душата – вели авторката.

Поетското око на Бунтеска плете зборови – монистра, обликува песни, врзува рими вели Блага Тутеска за нејзината поезија.

– Поетесата со отворени очи ги сумира емоциите лични и од милите, па неминовно е врела солза да протече и плач да се чуе. Но, и да се радува со блиските и Татковината. Со длабока емотивност го слика минатото со загуби и разделби. Поетскиот јазик е меѓу лирското и епското наративно говорење. Доминира епски сплет со лирски ноти – додава Тутеска.

Благица Бунтеска е член на Клубот на литературни творци Прилеп.

Loading