ПРИЛЕП – РАДОВИШ

Ракомет

Тешка битка за опстанок водат младите ракометари на Прилеп. Всушност, таа е за одбегнување на последното суперлигашко место, кое значи бараж – натпревар со второпласираниот од Првата лига. Додека има шанси, ќе има и надеж за екипата на тренерот Оливер Димитриески. По поразот (37-30) од Борец во Велес, викендов е мечот дома со Радовиш. Ништо не може да се загуби против фаворитот, може само да се добие.

Табела: Радовиш 23, Борец 12, Металург јуниор и Прилеп по 10, Вардар јуниор 9.

Женскиот тим на Деспина гостува во Гевгелија и на Овче Поле во Свети Николе.

Loading