ЧОРБА ОД ПРАЗ

PRAZ

Потребнни се 2 страка праз, 1 главица кромид, 300-400 гр. компири, сол, бибер, ловоров лист, сок од половина лимон и 1 лажица брашно.

Во подлабок сад се загрева малку вода. Се додава ситно исечканиот праз и кромидот и се вари додека кромидот не омекне. Се додаваат компирите исечкан на коцки со зачините и се прелева со 1 л вода. Смесата се вари околу 45-50 минути на средна температура. После чорбата се трга од огнот и се додава една лажица брашно (добро измешана со малку вода) во неа И се враќа да се провари уште 5 минути.

На крајот чорбата добро се зачинува со свеж лимонов сок.

Loading