АПЧИНА ЗА ЗДРАВИ

Лагата е побрза од вистината , но многу потешко или никогаш не стигнува до целта.

Х

Сеуште најголемата среќа е – надежта.

Х

И “законот на улицата” тешко се спроведува на тешко оштетените коловози.

Х

Несреќата никогаш не доаѓа сама. Ја донесуваат злобниците.

Х

Не е доволно да си купиш само диплома. Потребна ти е и партиска книшка од позицијата.

Х

Во тенка супа тешко е и тестенинка да уловиш.

Х

Се трудеше да постане светол пример. Го обесија на уличната светилка.

Loading