ЗРАК СВЕТЛИНА ЗА „УБК ОДБЛИЗУ“ ОД ЉУБЕН КОНЕСКИ

Промоција

Утре во 12 часот, во библиотеката ќе биде промовирана книгата „УБК одблизу“ од Љубен Конески.

Се работи за автентична збирка на лични сведоштва и размислувања на Љубен Конески, поранешен висок припадник на Службата за безбедност во времето на СФРЈ и во периодот на самостојна Македонија. Книгата е прва од ваков формат при што претставник на тајната државна служба преку една литераризирана форма го преставува периодот од животот минат во редовите на оваа често многу табуизирана професија. Конески говори за познати и не толку познати настани и личности од политичкиот и јавниот живот, фрлајќи нов зрак светлина не само на историските процеси туку и на внатрешните состојби на оваа служба.

Промотор ќе биде проф. д-р Цане Мојановски, професор на Факултетот за безбедност во Скопје.

Loading