ВОЛШЕБЕН ЃУМБИР

Ѓумбирот се користи како лек илјадници години. Тој е и зачин, храна и средство за разубавување. Содржи калциум, магнезиум, витамини Б6 и Ц. Богат е и со состојка која ја подобрува работата на цревата, го олеснува и го поттикнува метаболизмот, ја ублажува подуеноста, желудочните тегоби и спречува грчеви.

Ѓумбирот има благо лут вкус. Се препорачува против акутна фаза на воспален артритис да ги намали тегобите и да го забават напредувањето на болеста. Познат е и како антиоксиданс со анти-воспално и анти-канцерогено дејство. Спречува создавањето чиреви. Познати се и аналгетските, смирувачките и антибактериски својства. Се користи при лекување алергии, артритис. ревматизам, остеоартритис и другите болести на мускулно-коскеното ткиво. Помага во ублажувањето на менструалните болки. Чајот од ѓумбир е ефикасен за слабеење. Создава чувство на заситеност и го забрзува метаболизмот. Се комбинира со лимон, нане, мед за зголемување на имунитетот, за прочистување на дишните патишта и за циркулација.

Ѓумбирот е делотворен со неколку грама. Не е пожелно да се конзумира повеќе од 5 грама дневно. Растението е природен лек со малку негативни последици. Потребна е умереност при пиењето чај. Може да се иритира усната шуплина. Не е препорачлив за болни со камен во жолчката и за луѓе што земаат лекови за разредување на крвта.

Loading