ШАТОРО ГО ЗАПРЕ ВОЗОТ

Прилепчанец стасал со возот во Скопје. Во брзањето, при симнување од вагонот, го заборавил чадорот. Кога се сетил, возот веќе тргнувал кон нова дестинација. За среќа здогледал внатре некој од кондуктерите и свикал.

– Шаторо го заборајв, застанете!

Возот брзо бил сопрен, небаре за итен случај.

Прилепчанецот влегол во возот, си го зел чадорот и излегол со него в раце.  При излегување го сретнал кондуктерот.

– Абе што направи човеку, нели рече ќе го земеш шаторо?

– Еве го в раце – го покажал чадорчето.

– Абе тоа ли е шатор да му се сневиди? Малото чадорче ли е шатор?

– Така го викаме ние прилепчаниве – шатор.

– Оф мајко мила, запрев цел воз за едно мало чадорче, а мислев дека е некој голем шатор за на излет. Бегај да не те гледам од пред очи! – се развикал кондуктерот гневен од бес.

Loading