„ПОД ПРЕВЕЗОТ НА ДУШАТА“ ОД ВЕСНА ШЕРЕМЕТКОСКА

Стихозбирка

Promocija na tvorbata na Vesna  Seremetkoska

Стихозбирката „Под превезот на душата“ од Весна Шереметкоска беше промовирана од Цеца Видова Трајческа и Мирјанка Селчанец.

Извадоци читаше Снежана Паноска.

-Дел од моето поетско творештво е во првата стихозбирка ,,Под превезот на душата, која носи втора награда – ,,Книжевен светилник,, на конкурсот на издавачката куќа Дата Песнопој од Битола. Во оваа поетска соната се бележани можни и неможни траги од љубовта во една целовитост, во една мисловна врзалка насловена како Под превезот на душата. Никогаш неисцрпените љубовни чувства, љубовта кон внукот, револтот. бесот и немоќта да се смени нешто во општесвото се главните носители на темите во песните. Откорнатите чуства и мисли од душата ги пренесов на хартија  за да несебично ги споделам со читателската публика – вели Шереметкоска.

Loading