Х
Само во политиката се опстојува и со повеќе од 5 лични.
Х
Дарвин изгледа не си ја завршил работата. Некои луѓе не потекнуват од мајмуни, туку од некои други животни.
Х
Започна санацијата на дупките на коловозите. Се очекува дека наскоро ќе започне и санацијата на дупките во законите!
Х
Тешко на оние кои очекуваат добар збор да слушнат од лекарот.
Х
Се очекува да се сретнат и луѓе со два јазика…
Х
Не е способен да си го следи сопствениот живот, а го плаќаат да ги следи другите.
Х
И најмалите политичари имаат големи џебови.