НОВИ НАСЛОВИ – МАРКОВИ КУЛИ И ВАРОШ

Маркови кули и Варош Прилеп се дел од 15 нови наслови што ги издаде Управата за заштита на културното наследство. Книгите се дел од едицијата ..Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Македонија,,. Изданијата се популарни, напишани на јасен јазик, разбирлив за секого и се наменети за пошироката публика. Ќе се најдат во малопродажба и во музејските продавници со што ќе бидат достапни за сите граѓани, но и за туристите.

Со овие наслови се доближува македонското културно богатство на Европа и светот, токму во годината на европското културно наследство, кога се споделува заедничката грижа.

Loading