БЛЕСОК, МЕСТО МАГАРИЊА

Atmosfera na cesnost vo starata carsija

Низ чаршијата отсекогаш „рамо до рамо“ шетале господа и магариња, богати и сиромашни, бегови и голтари… Не биле прилепчани покондирени како чорбаџиите од другите градови. Најважна била чесноста. Без тоа, не се признава ефендија, па колку и да си дотеран и накинџурен. Опнатите, наместо почит и метании, добивале мајтап и служеле за подбишега. Тоа бил еснафскиот чаршиски тертип.

Дуќаните сега се помодерни. Свеќите и фенерите ги заменија неонките и сјајот на колоритот на рекламите. Место калдрма, се гази на плочки од травертин.

И магарињата одамна исчезнаа од чаршиските сокаци.

Loading