АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кај нас нема непливачи. Сите пливаат во – долгови.

Х

Времето лечи се, но не и невремето во кое сме.

Х

Прагот на толеранцијата и понатаму сите само го прескокнуваме…

Х

Како да му плукнеш во лице кое нема ниту образ.

Х

Мислеше дека сме село без кучиња. Кога му се пуштија за него беше доцна.

Х

Дрво без корен ветрот ќе го кутне. Човек без корен кутнува се околу себе.

Х

Политичарите забораваат дека гласачкото тело има и – душа.

„Д-р Хаџи-Васков“

Loading