КИФЛИЧКИ СО КОМПИРИ

Потребни состојки, 2 Јајца, 200 грама брашно, 100 милилитри млеко, 200 грама варен компир, 100 грама кисела павлака,1/2 квасец, 200 грама шунка, малку сол и малку путер.

Подготовка. Компирите се варат и се пасираат како за подготовка на пире. Се додава јајце, сол, брашно и квасец претходно измешан во малку млеко. Се замесува средно меко тесто. Тестото се сучи во кора, се мачка со путерот, се превиткува како за листесто тесто, потоа се става во фрижидер да стои половина час. Потоа се развива кора, се сече на квадрати, се филуваат со ситно сечена шунка измешана со павлака и се виткаат кифли.

Се печат во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Loading