Градоначалникот Илија Јованоски ја носеше маската на Минато Намиказе, градоначалникот број 4, од популарниот јапонски цртан филм ,,Наруто,, којшто плете приказна во која единствен победник е иднината. А, сопругата Јованоска ја носеше маската на Кушина Узумаки, сопругата на градоначалникот Намиказе.
– Нас нé инспирираше познатиот јапонски цртан филм ,,Наруто,,. Нашите маски се Минато Намиказе и Кушина Узумаки, поточно родителите на Наруто. Ликовите ги карактеризираат огромна борбеност, пожртвуваност, взаемна љубов, посветеност… сé со цел да се обезбеди иднината и да се спаси животот и доброто кај луѓето – изјави Јованоска.
Семејството Јованоски со маската испрати порака дека доброто треба да владее со светот, дека секој влог во сегашноста, впрочем е влог во иднината и дека всушност плодовите на иднината, треба да ги креираме само врз добри дела.