СОВЛАДАН ПАРТИЗАН

Историја

Екипата на Победа многупати го има освојувано зимскиот турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци, а сигурно највреден е пехарот од 2000 година. На 6 февруари, во финалето го совлада белградски Партизан, некогашен југословенски првак и финалист во Купот на европските шампиони. Во регуларниот тек од мечот беше 0-0, а по изведувањето на пеналите 5-4. Од белата точка реализатори за прилепскиот тим беа Димитриевиќ, Г. Лазаревски, Каранфилоски, Г. Тодоровски и голманот Груевски, кој патем му одбрани пенал на Сабо. За Партизан играа звучни имиња како Илиќ, Сабо, Крстаиќ, Дуљај, Ивиќ, Кежман… За Победа настапија: Груевски, П. Ристовски, Петров, Н. Стојковиќ (Стефанов), Г. Лазаревски, Николаевски, Каранфилоски, Жилсон (Г. Тодоровски), В. Мицевски (Т. Стојкоски), Т. Наумоски (Димитриевиќ), Н. Здравески (Диниќ).

Во полуфиналето Победа со 1-0 го совлада бугарскиот Пирин Благоевград.

 

Loading