СО МАСЛО И ЛУК ВО ЕВРОПА И АМЕРИКА

– Добар ден, добри луѓе,

– Дал ти Бог добро пријателе. Повели, ако немаш со кого.

– Знајте вие кои ги барам, ама не ги гледам овде,

– Ех не знајме, Тале и Бале. Тука се. Излегоја да допазарат и одма идат. Фајчај борбена позиција и мисли му ја после.

– Така е Давче. Со нив борбата секогаш е тешка, напорна, ама слатка. Е после е опнато, ко че се лечат раните. А бе да не се забаат многу, да прснам совреме.

– Седи, не биди скопјанец. Че издржиш и овајпат. Не си од тие шо лесно напуштаат терен. Бале отиде да купи масло маслиново, а Тале…?

– Шо че прај со него, да не…?

– Европска работа било то масло. Многу убо подмачкувало. И многу здраво за организмо. Цела Европа то да ти јадела. Ние мораме да ојме по нив, оти, кај да е, че сме станеле Европјани.

– Ти бе Давче да не се ладиш? Зар квалитетно треба да бидиме подмачкани, ако сакаме да се дружиме со Европејците?

– Размисли. Европеец не се станува без ништо да не таксаш.

– Таксај ти, јас че си останам со “Кристало”, ами Тале?

– Тале отиде лук да купи!

– И тој за во Европа,

– Не! Луко за отаде Европа.

– Џенем?

– Токму џенем. Одиш на европска граница, а не сакаш во Европа. Пасошка контрола, а тој нас каде? Ние нему едно ждригање. Го затвора шалтеро, го покрива носо со маска и мава печатот – трансит Америка, кај каубојците. Демек таму имало широчина, прерија, и не се осејчал миризо. Ждригај колку сакаш.

– Ова личи на мајтап. Не сум сигурен дака е така. Знајш како е вицо со докторо и млекото…

– Че ти се избистри, млад си. Еве ги Тале и Бале!

– А бе кај сте.? Овај дандило ми го зеде. Ми кажува дека сте се спремале за Европа, па Америка.

– Каква Европа, каква Америка. Со шо чоиме?

– Со луко и со маслото.

– Бале, види да не има оган. Пипниму го челото?

– Здрав е ко дрен. Малце е зашеметен. Че го опрајме. Зошто сме пријателите. Зоки носи една раткапна, едно со едно, од то сувите за во орман, запечи ги лепчината, масленце, букоец, салфетки и од то чашите од полкило шо се. Да го закрепниме чоеков. Каубојците свеста му ја зеле. За Давчета една дупла! Сам че си ја плати. Трацка вади го луко, почнуваме со рехабилитација.

– Терапија Тале-Бале. Гаранција 102,5 посто. Уште Зокио да донеси уште по еднаш едно со едно, па еднаш за душа за Џорета, на каубојците од Америка, куршумите со заби че му ги вајчаме. Че видат тие со кого ватиле работа.

Џага Дур.

Loading