КУЛТНАТА „ОД КОЛ НА КОЛ“ ЗА 68 ГОДИНИ ТЕАТАР

2 Najgledanata pretstava Od kol na   kol za godisninata

Со изведбата на веќе култната претстава „Од кол на кол“, во режија на Коле Ангеловски, театарот „Војдан Чернодрински“ в понеделник ќе одбележи 68 години од формирањето. Публиката повторно ќе ужива во најгледаната претстава одиграна 115 пати, која 10 години е на репертоарот и за која се уште се бараат влезници. Ова е втора најгледана претстава во историјата на театарот по “Солунски патрдии”.

Моментно на репертоарот се три претстави “Клетници” од Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски, “Ништо без Трифолио” од Р. Богдановски, во режија на Коле Ангеловски и “Хроника на еден сон” од Ивана Нелковска, во режија на Ивана Ангеловска.

Завесата на Театарот првпат се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Премиерите се ределе еднаподруга, се нижеле успеси на Театарот. Колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса. Денес израсна во ансамбл со актерски имиња кои покажуваат дека знаат и умеат да “согорат” на сцената. Театарот најголемите успеси ги постигна со претставата “Тапани во ноќта” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која се крена до димензии на бренд на македонскиот театар. Со “Тапаните…” театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ “Војдан Чернодрински”. Не помалку наградувана е “Кавкаскиот круг со креда”, која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија. Голем успех постигнаа и претставите “Силјан Штркот”, “Кумови”,”Собирен центар”, “Туѓо сакаме – свое не даваме”, “Молам за секс”, “Спиро Црне”, “Колобан”, “Арсениј”, “Полковникот птица”, “Опера за три гроша” од Брехт и др.

Театарот во земјава уште го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Ансамблот брои 18 актери.

 Во досегашното постоење театарот “Војдан Чернодрински” прикажал над 370 премиери, одиграл над 7500 претстави, гледани од над 1,6 милиони посетители. 

Loading