„ДОРОТИ СЕ ВРАЌА“ НА СЦЕНАТА

Doroti se vraca - prodolzenie na   pretstavata Volsebnikot od Oz

Во театарот се подготвува нова претстава за деца „Дороти се враќа“ во режија на Кирил Петрески, што е втор дел од многу популарната претстава „Волшебникот од Оз“. Премиерата е планирана по неколку недели. Театарот го спрема проектот со сопствени средства.

Претставата е продолжение на авантурите на Дороти во Оз, која се враќа кај своите пријатели, познати на најмладата публика.

– Секогаш е задоволство и уживање да се работи претстава за деца. Публиката е специфична, полна со фантазија и колку да се трудиме, нема да ја надминеме, но затоа можеме да ја разбрануваме, да ја поттикнеме. Со овие претстави, на некој начин, инвестираме 20 години во иднината и ја формираме нашата идна публика – вели режисерот Петрески.

Ќе играат Марија Спиркоска – Илиеска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Димитар Георгиевски, Јасмина Мицовска -Станкоска и Катерина Чакмакоска – Клинческа.

Loading