Романи од двајца прилепски автори се во трка за наградата „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“. Во конкуренција од 26 романи се и творбите „Се врати каде што припаѓаше“ од Марија Ѓорѓиоска и „Безимениот“ од Петар Петрески.
Петчлено жири ќе ги разгледува книгите и ќе направи потесен избор, а добитникот ќе биде соопштен на 15 март.
Ѓорѓиоска многу емотивно и лирски ги пренесува емоциите за личности, настани, а Петрески се занимава со темата на преиспитување на идентитетот на поединецот, неговото неснаоѓање и лутање во вртлогот на големите општествени промени.