Ракомет
Тоа што првиот собир на машкиот суперлигаш Прилеп не се одржа во текот на неделава, покажува дека тешката ситуација продолжува. Клубот што го носи името на градов е неизвесно како ќе продолжи во пролетниот дел од првенството. Според најавите, најверојатно ќе бидат обезбедени средства за основните трошоци, но за нешто повеќе е голем знак прашалник. Ако се најде тоа ,,нешто повеќе” може да се смета и на засилувања, со оглед на тоа што квалитетни и искусни ракометари немаат ангажман, а би прифатиле да одиграат барем шест месеци во Прилеп.
Сепак има активности во клубот, бидејќи редовни тренинзи одржува Младинската екипа.