ТУКА СУМ ПОРАДИ „ХЕМИЈАТА“ СО НАВИВАЧИТЕ

Фудбал: Славољуб Бубања, тренер на Победа

– Иако ме назначиле во црногорскиот Дечиќ, ги одбив

Treningot na Mogila

Наспроти пишувањето на медиумите „Егзодус во Победа“, поради заминувањето на група играчи, голем оптимизам се раѓа со доаѓањето на тренерот, Црногорецот, Славољуб Бубања. Штом некој од странство верува во овој клуб, тогаш зошто и домашните да не веруваат. Веќе седум дена работи за консолидација.

Што затекнавте?

– Не е сјајно. Во споредба со пред еден месец, безмалку, сé е исто, освен играчкиот кадар. Седум – осуммина се заминати, а затекнав 20 младинци и кадети. Тоа е добро за клубот, но… Мораме што побргу да го средиме тимот.

Навивачите го поздравија доаѓањето?

– Најмногу заради тоа се вратив. Сум живеел во 25 града, но ваков прием и добредојде доживев овде, дури добив и подароци. Имав три понуди, во црногорскиот Дечиќ веќе ме поставиле, а јас ги одбив и ете сум овде. Имаме некоја хемија со навивачите и се надевам дека ќе биде Победа се подобра, но реално има доста проблеми.

Се менува цела постава?

– Тоа сигурно не е добро, оти немаме костур на екипата. Барам бргу да се доведат играчи. Веќе денес е време. Навивачите нема да прашаат кои се проблемите, туку дали гледаат фудбал или приспивна песна. Ако дојдат играчи предоцна, тогаш попусто е и да имаат квалитет. Квалитетот може да дојде до израз само низ работа, план, за кој треба време да се одработи.

Изборот го правите по куса постапка?

– Не ми е првпат. Само по неколку тренинзи и еден тест-меч морам да проценам кој е, а кој не е за овој тим. Тие што останаа со работа ќе го подигнат нивото, а тие што ке дојдат отстрана да бидат носители на играта. Ако не се тоа, не ни требаат, туку ќе играме со тукашниве деца.

Задачата е опстанок?

– Можеме да тргнеме нагоре, а тоа значи да се носиме и со Шкендија и со Вардар. Услов е да се среди клубот,

Илиески останува

Списокот од 11 заминати е скусен за едно име – стоперот Илиески. Тој останува и веќе тренира. Се врати и Хумбатов од Азербејџан. Тука е и Петрески, повратник од Новаци, Андреевски од Питу Гули, Спиркоски од Еуромилк, Кремчевски, Вели. На проба се и тројца странци: Камерунец од Аргентина, Мароканец од Франција и Бразилец. 

Завчера беше пријателскиот меч со Шкендија (0-2), а наредниот е в среда со Ренова. 

Loading