МАСКИТЕ НА „ПРЕРОДБА“ И „ПРОЧКАРИ“ НАГРАДЕНИ ВО МОКРИЕВО И КУРАТИЦА

2

Прилепските здруженија „Преродба“ и „Прочкари“ освоија четири награди на карневалите во селата Куратица и Мокриево. Со маската „Вдовиците од мртовечко сокаче за Прочка“, петте члена на „Преродба“, на карневалот „Странчинарски игри“ во Мокриево добијаа посебна награда за возрасна група, А во Куратица трета награда за групна маска. Групата „Прочкари“ со маската „Астерикс и Обеликс“ во Мокриево беа први, а во Куратица втори.

Признанијата се потврда за негувањето на традицијата.

Седумнаесетото издание на меѓународниот карневал „Прочка“ кај нас ќе се одржува од 16 до 19 февруари.        

Loading