КАРПОВ ВО ПРИЛЕП

Историја

Шахот е еден од спортовите коишто дале врвни асови познати на целата планета. Еден од нив е Русинот Анатолиј Карпов. Затоа неговото гостување во Прилеп беше голем спектакл. Престојуваше за празникот 11 Октомври, 1975 година, по освојувањето на титулата светски шампион, која ја имаше 16 години. Во преполната Универзална сала тој одигра симултанка против 23 противници. Единствениот од кого загуби е младинецот Златко Боцески, а ремизираа: пионерот Ѕвонко Хаџипопоски, младинката Елизабета Тутеска и мајсторскиот кандидат Атанас Иваноски – Дулев.

Организатор на настанот беше ДИК ,,Црн Бор”.

Loading