ПАРИ ИЛИ ПЛАМЕН

Сопственикот на запаленото кафуле тврди

2 galeri-pab-pp-960x491

Според сопственикот на кафулето The Gallery House Pub, Бисерко Тркља, кое беше запалено пред Нова година, лицето кое му го запали објектот барало рекет и се заканувало.

– Лицето не го познавам и не сум го видел. Детето упорно 4-5 пати инсистираше да се видиме. Му реков дека “Не може и треба да се видиме на 2 јануари”. Ми се претстави како Никола Трајковски – Коколо. Ми вика дека од денеска морам 20-25 души секој ден да им наместам маса да јадат и да пијат без пари, сé на мој трошок, дека чека дозвола од важни луѓе да го рекетирал цел град и дека од денеска ништо нема да биде исто. Се закани дека ќе ги запали двата објека – рече Тркља.

Тој го информирал командирот на полицијата и началничката дека сакал да го рекетира.

Тркља смета дека обвинителството го оквалификувало пожарот за предизвикување на општа опасност и не сакало да побара притвор, а не за изнуда.

– Лицето десет часа порано полнело бензин и сето тоа било смислено за рекет. Дури и се пофалил дека ќе го запали објектот. Ако не го фатат и другиот објект. Некој сака да го заташка случајот – тврди Тркља.   

Ноќта пред нова година, за помалку од половина час ништо не остана од елитното во строгиот центар на градот, откако било зафатено од силен подметнат пожар.

Првичната штета се проценува на над 200.000 евра.

Лицето Н.Т. претходно било забележано од чуварот како носи шишиња со непозната течност, која ја истурил, ја запалил и побегнал во кафетријата. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа спречна беше катастрофа да се запали целата чаршија. Пожарникарите ризикуваа и интервенираа при вклучена електрична енергија.

Полицијата по неколку дена го фати Н.Т, а судијата го лиши од слобода одредувајќи му притвор. 

Loading