ЖРК Деспина
Завршува одморот за ракометарките на Деспина. Првиот собир со прозивка на тренерот Страшо Илиески е планиран за иднава седмица. Остануваат сите првотимки кои настапуваа минатата сезона. Засилувањата засега не се неопходни. Тимот без никакви измени ќе се обиде да го задржи 6 место на табелата.
Првенството продолжува кон крајот на февруари или во почетокот на март.