ВОДЕА, НО ЗАГУБИЈА

Ракомет

Женскиот тим на Деспина одигра одличен меч дома со фаворитот Вардар јуниор. Разликата беше и до 4 гола. Се чини силите се загубија во финишот. По 15-11 следеше 20-20, а до крајот 25 – 30. Најефикасна беше Димова со 6, А. Камческа и М. Камческа дадоа по 5, Е. Рипилоска, Крстевска и Димитрова по 3. Следи гостување на Металург.

Машката екипа на Прилеп дома го совлада Борец (29-24), а до крајот на есенскиот дел преостана само гостувањето на Пелистер.

Loading