„ДОЖИВУВАЊЕ“ ОД КРИСТИНА БИТРАКОВА

Изложба

2

Ретроспективната изложба, насловенеа „Доживувње“, од уметницата Кристина Битракова е поставена во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. Таа го пренесува дејствувањето на живиот свет околу нас.

– Исконски и осмислено, определено и творечки, водени од слободата на духот, луѓето граделе и создавале од доживеаното – доживувачко, ја расчленувале вистината, потоа ја обединувале со ритамот на сериозниот живот, никогаш не губејќи ја животноста, храброста и ведрината кои подразбирале најголемо богатство на луѓето и нивната култура. Наследството, значи не е завршен резултат и не бара посебно почитување или восхитување, туку напротив, во единствениот тек, со секое идно време, ги поттикнува понатамошните случувања, менувајќи ја така повторно сликата за светот – вели уметницата.

Битракова дипломирала на ФЛУ Скопје на отсекот графика. Работи како професор. Член е на ДЛУМ. Имала самостојни изложби низ земјата, во Бугарија, Германија… Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и Фениск за значајни достигнувања од областа на уметноста.

Loading