ПРИЛЕП – БОРЕЦ

Ракомет

Машката екипа на Прилеп лошо одигра во Скопје. Убедливо загуби со 38-30 од Пролет. Од почетокот се наѕираше исходот, поради водството на домашните кое постојано се зголемуваше. Попусто најефикасен на мечот беше Јанчев со 9 гола, а останатите додадоа – Нешкоски 7, Јанески 5, Шокоски 4, Вешоски 3, Рајатовски 2. Следи дуелот дома, во ,,Ричко”, в сабота (18 ч.). против Борец. Со победа е искачувањето од 7 кон 6 место, каде е велешкиот тим.

Женскиот тим на Деспина по поразите од Пелистер, Куманово и одложениот меч со европскиот вицешампион Вардар, треба да биде домаќин на Вардар јуниор.

Loading