УСПЕСИ НА ЧЕТИРИ „ФРОНТА“

Пинг-понг

Каде и да играат, прилепските пингпонгари се меѓу најуспешните. На Државното за основци во Кавадарци, Никола Стојаноски (ОУ „Кочо Рацин“) влезе во групата 16. На Државното за среднисти, во организација на Сојузот за училишен спорт и ППК Младост 96, во СОУ ,,Ѓорче Петров” првото место го зеде Александар Рикалоски (Гимназија ,,Мирче Ацев”). Во истата сала имаше и Државно екипно за пионери, каде екипата Младост 96 на тренерот Кире Ѓорѓиески, предводена од талентираниот Никола Стојаноски, им даде отпор на конкурентите, на дебитантскиот настап.

Блесна и Рубинчо Ристески со прво место на Државното за инвалидизирани лица, во Кавадарци.

Loading