СТИХОВИ – „ВИНО И СОЛЗИ“

5 Neumoren tvorec Blazo   Stojanoski„Вино и солзи“ со 71 песна е новата поетска збирка од Блажо Стојаноски. Збирката е прво наградена книга на конкурс.

– Мотивите во песните се најразлични. Пишувам за мојата љубов кон татковината, кон неправдите опеани со виното и солзите. Има и некои љубовни и дел се од секојдневието – вели Стојаноски.

Илија Мерковски забележува дека поетот има голема внатрешна силна еруптивност.

– Често и со специфичен поетски говор, воскликнува со прочут глас да се слушне надалеку, да се забележи, да се жигоса неправдата, прецизно да се погоди во целта, да се направи еден поетски изблик достоен да се залепи за душата на секој вљубеник во Македонија или да се срасне гласот со гласовите на сите овдешни земни страдалници – потенцира Мерковски.

Стојаноски е автори и на книгите “Зборот на разбојот”, “Душевно везило”, “Непробол” и збирката на кратки раскази, “Бездомникот”.

Loading