ПАРИ ЗА ТРИ ДЕНА

Кире Станкоски, генерален директор на Тутунскиот комбинат

– До Нова година ќе се откупат 80-90 проценти од проектираните количества

tutun11

За првпат Тутунскиот комбинат за три работни денови врши исплата на средствата за тутунот од раниот откуп кој почна на 16 ноември.

Во услови на дефицит на тутун, како тече преземањето на првите количества?

– Оваа година имаме интересна и специфична реколта заради тоа што на почетокот на реколтата временските услови не беа добри, но потоа имавме одлични месеци за производство на тутун од реколтата 2017. Тоа придонесе квалитетот на тутунот во средните и горните берби да биде со одличен квалитет. Тоа е една причина зошто се случи многу раниот откуп, а втората причина е намалувањето на ориенталниот тутун во соседните земји. Македонија во моментов, во изминативе неколку, и во наредните години ќе биде привлечно поднебје за производство на оринетален тутун. Почетокот на откупот на тутунот во Тутунскиот комбинат почна на 16 ноември и сé се одвива според поставените планови и проекции. Динамиката на дневен откуп се реализира сто проценти и нашите кооперанти средствата ги добиваат после три работни денови. Исплатата се врши и минува во најдобар ред. Целта која си ја поставивме, ја реализиравме и за првпат комбинатот врши исплата на откупениот тутун во три работни денови, а тоа го постигнавме пред се поради одличната соработка со комерцијалните банки. Средствата навреме се обезбедени и сметаме дека сите планирани количества кои се зацртани, ќе ги откупиме во предвидениот план.

Ќе се бара тутун повеќе, ќе заврши ли порано откупот?

– Треба да се придржуваме кон откуп на количините кои ги имаме договорено со нашите кооперанти. Производството на тутун е регулирано во посебен закон од страна на МЗШВ и тука секоја откупна компанија треба да се придржува до законската регулатива. Наше беше да обезбедиме финансиски средства, а имаме обезбедено повеќе од она што е договорено со кооперантите. Според динамиката, откупот не само што е ран, туку ќе биде и многу брз откуп. Нашите проекции се дека 80-90 проценти би требало да бидат откупени до Нова година, за што ние сме финансиски подготвени.

tutun12

Современиот начин на обработка и преработка кој се поставува последниве 10 години подразбира манипулација и ферментација во “софт драинг” технологија?

– За жал, Тутунскиот комбинат минативе години не успеа да ја набави таа технологија. Бидејќи соработката со најреномираната компанија Филип Морис е на највисоко ниво, мораме тутунот да го процесираме во компанија која ги исполнува сите стандарди зададени од страна на Филип Морис. Такви во Македонија се Алијанса Уан и Сокотаб Битола. Објавивме јавен повик за процесирање на тутунот од оваа реколта на кој и двете компании се пријавија од кои едната беше поевтина. Со една од тие две компании, ќе склучиме договор за обработка на тутунот од реколтата 2017 идната недела. Имајќи го предвид искуството од мината година, динамиката на процесирање, преземање од страна на Филип Морис и плаќање започнува кон крајот на март, и почетокот на април и завршува со почетокот на септември.

Каква просечна цена може да се очекува со оглед дека квалитетот е висок, а количините се мали?

– На почеток сме, но нашите очекувања се дека тутунот ќе биде нешто поскапо платен од минатата година. Не можеме да шпекулираме со бројки, но крајната просечна цена на ниво на комбинат и на ниво на држава е дека ќе биде повисока од мината година.

Tutunot ke bide nesto poskapo platen od lani - Kire Stankoski generalen direktor na TKP

Покрај откупот и пласманот на тутунот, насочени сте и кон работењето на цигарната фабрика?

– Максимална среденост на фабриката од секаков аспект посакуваме, бидејќи се работи за производство на цигари. Презедовме зафати во тој дел, другото е сé во комуникација со Филип Морис со цел модернизирање на производството. Машината е во завршна фаза на инсталација, со нив сме во преговори и за машини кои не се користат од наша страна, да извршиме со нив еден вид на преземање со цел финансиско вложување во делот на техничка опременост на постоечкото, со цел да го модернизираме. Притоа три линии за производство се во добра кондиција покрај инсталирањето на новата машина која е од прогресивен формат 7.0.

Како оди пласманот на цигарите со Филип Морис?

– Во овие два ипол месеци, комуникацијата е на одлично ниво. Нивната цел, но и наша е преку Тутунскиот комбинат и Цигарната фабрика, да се произведува и пласира целата палета на производи од Филип Морис, вклучително и Марлборо во Македонија. Моментално соработката се одвива само на домашен пазар. Има уште отворен простор за пополнување на капацитетот на цигарната фабрика. Сите цигари кои ги пласира Филип Морис на македонскиот пазар одат преку заедничката компанија која  работи успешно, што дава дополнителен мотив и елан за работа за понатаму. Преку зголемување на асортиманот и преку одржување на стандардите кои ги налага Филип Морис цел е да се зголемува и пласманот и продажбата на нашите цигари на домашниот пазар. Споредбено расте пласманот на цигарите секоја година.

ИНВЕСТИЦИИ ВО НОВИ ТЕХНОЛОГИИ

Со инсталирањето на софт драинг технологија ќе се редуцираат трошоците?

– Една од целите која ја поставивме како ново раководство е токму и правењето на планови за вложување во нова технологија. Инвестицијата чини повеќе финансиски средства. Врз основа на  затекнатата ситуација и вложените напори за обезбедување на средства за откупот на тутун од оваа реколта, оваа инвестиција се уште  е поставена како една од клучните задачи за иднина. Разговарано е и преговарано со комерцијалните банки од кои неколку се веќе и подготвени да излезат во пресрет во тој дел. Сепак целиот тој процес на планирање треба да биде во содејство со Филип Морис. Соработката со нив и склучениот договор налагаат во директна комуникација и разговарања и договарања да се одвива и тој процес.

ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ И ПРОДУКТИВНОСТ

Каква е финансиската кондиција на комбинатот? Има ли план за нов пакет за вработените?

– Сите задолжувања во моментов кои ги имаме успеваме да ги сервисираме. Разговараме и сме во преговори со нашиот стратешки партнер Филип Морис. Нивните размислувања одат во насока на поефикасно работење и раст на продуктивноста. Се размислува и во тој дел, но уште одлуката не е официјално донесена. 

Loading