ПОБЕДА ДА „ВРЗИ“ БАРЕМ ДВА ТРИУМФА

Фудбал: Претстои битен дел од првенството

– Наредниот меч е в недела дома со Силекс

Posledniot natprevar Pobeda -   Sileks

Светло-темна е есенскава прволигашка етапа од 14 кола за екипата на Победа. На еден меч се освојуваат бодови, а веќе на наредниот следи пораз. Само што ќе се помисли дека екипата е во налет и се јавува оптимизам, во следното коло е демантот.

Констрастот е најизразен преку сензационалното реми (3-3) кај Шкендија во Тетово, како и победите, дома над шампионот Вардар (1-0), на гости над Академија Пандев во Струмица (0-1). Ова беа одлични игри против трите најдобри тима во Лигата. Разочарувањата беа првин поразот во Скопје од Шкупи (1-0), потоа дома од лидерот Шкендија (0-2) и во првиот четвртфинален куп-меч во Битола од Пелистер (5-2).

Најмногу боли последниот пораз под Тумбе Кафе, каде се примени пет гола, колку што не се памети кога последенпат имало во прилепската мрежа. Сега целта е консолидација ,,врзување” барем на два триумфа. По гостување кај Работнички во Скопје, в недела (13 ч.) е дуелот на Могила со Силекс. Кратовскиот состав е високопласиран на табелата и, нема сомнение, ќе даде отпор. На Победа е да се покаже во најтешкото. Истиот противник беше совладан пролетоска со 1-0.

Во екипата ќе се врати играчот за врска Карчески по казната за пет картона, а десниот бек Качар ја напушти Победа, откако сериозно се повреди.

Четири рефлектора

Додека во функција е Могила, на стадионот ,,Гоце Делчев” веќе се поставени сите четири рефлектори. На ред се другите фази. Следи теренот, каде има дренажа, систем за наводнување и треба да се посее тревата. Ова е важно да може Победа да игра како домаќин.

Loading