ДРЕВЕН ПРИЛЕП – РИЗНИЦА НА ЖИВОТ

9 Prilep pred 90 godini

Прилеп во втората деценија од минатиот век. 1918 година. Се раздолжиле куќи покрај правлива улица. Зрачат со древност. И тогаш остарени животарат плитарните куќички со дрвени кепенци, високи оџаци.

 Дрвените порти, со настрешници од ѓерамиди, се затворени за љубопитните минувачи. А се наредиле покрај тротоарот. Тука се и дрвените бандери. Авлиите, дворовите огромни, но затворени ограда од цврст материјал, како сега што се дворовите на  албанска куќа. Главно иста големина се куќите. Во турска архитектура со големи капии и високи ѕидови. Средни, но по некоја, која се истакнала и не стрчи.

Не изостанува зелениот декор. Ѕиркаат и го заличуваат Прилеп, обично тополи, врби и слично, кои подаваат “рака” кон небото. Тука некаде на сликава се вишнее Градскиот часовник, а од некаде се “борат” и турските џамии.

Од другата страна на улицата се паркирале камиони кои треба да се товарат.   

Loading