ПОДДРШКА ЗА РИКАЛОСКИ ЗА МЛАДИНСКАТА ОЛИМПИЈАДА

Stumulacija za Olimpijadata - RikaloskiМладиот Александар Рикалоски (17) е првиот пингпонгар од Македонија, што последниве седум децении од постоењето на клубот Младост 96, стигна до квалификациите за учество на Младинската олимпијада во Аргентина. Квалификациониот натпревар е од 2 до 5 ноември во Сплит, Хрватска во конкуренција на 32 пингпонгари. Локалните власти најавија финансиска поддршка.

Градоначалникот Илија Јованоски истакна дека не само овој млад пингпонгар, туку сите млади спортисти кои бележат подем ќе ја имаат локалната самоуправа за ветер во грбот.

– Се надевам дека Рикалоски ќе постигне успех и ќе го видиме на Олимпијадата. Локалната самоуправа ќе издвои финансиски средства за него и за сите талентирани спортисти – истакна Јованоски.

Младиот Рикалоски се чуствува подготвен да се квалификува за Олимпијадата.

– Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и поддршката и ќе се пласирам за Олимпијадата во 2018 година во Буенос Аирес – изјави Рикалоски.

Рикалоски е со рекетот, топчето и столот со мрежичка од деветгодишна возраст.

Почна Супер лигата

Стартуваше Супер лигата во пингпонг. На првиот и вториот турнир во Скопје, екипата на Младост загуби од Вардар Скопје (4-0), а го совлада УГД Штип (4-1). Тимот на Младост 96 загуби од Астраион Струмица (4-2), го победи Рисови Скопје (4-3). Заостанати мечеви се: Младост – Младост 96, Младост 96 – Шампиони ФА и Младост – Шампиони ФА Штип.

Покрај тоа што се игра турнирски, новина е и условот за четири (наместо досегашните пет) поена за добивање на мечот.

Loading