ЕМ ГРАВ, ЕМ ТУРА

– Ош… Гелден ефенди Жика.

– Ош… Отур бурда. Тамам за тебе праевме муабет, а ти оп тука.

– Шо толку секирација за мене. Малце ви се другите гајлина, уште јас ви требав.

– Такви сме по природа. Добар чоек да не се роди.

– Не се колни многу, туку зини и истиши се.

– Ти некни порача грав плетварски или не.

– Да бе порачав. Го донесе бе Кралче! Ако не, гледај да стаса до Свети Никола.

– Еве го носам. Зборо, збор – две кила. За тебе до Свети Никола, ако треба, че ти донесам уште десетпати.

– Ти шо мислиш само грав че јадам, да си го расипам стомако. Чувај си го за тебе. Туку дај го да го приберам.

– Еве две кила. Фазла е, ама ако, нека оди нешто од мене.

– Еј, овде две кила!? Ајле лабоо најлончево. Жика ти личи овде да има толку?

– А бе дај да видам. Можи… Ама знајш дека со пивце поарно мислам.

– Ние не че клепаме, ти ко че цуцаш. По една пијачка за сите. А Кралче, шо велиш. Ако има две кила, ќе пијаш пијачка, а ако нема ќе ја плајчаш турата.

– Бесо ве ватил. Зар јас тебе да те лажам. Плус, најде кој да пресудува. Ти знајш дека Жикава е бетар од Баце Пејо. Че нé насамари.

– Ние не сме негојте мариовци, да му го опрам. Знајш кое време сме сега?

– Знам, ама во него верба никако.

– Добро бе Кралче, ако немаш верба во мене, нека пресуди двојазичниов Диме. Шо велиш ти?

– Многу не се разбирам, ама ако е за пијачка, че размислам.

– Ако почни Диме да мисли, ни се еба мајката. Тој со пијачката и јадачка че побара. Туку дај да викнам една тура, барем парите од граво да ми стасаат, да не почнам да вадам од моите. И појче ти грав плетварски нема да јадиш од мене.

– Кој ти е крив.

Loading