ТЕМЕЛКОВСКИ СОБОРИ ЕВРОПСКИ ПРВАК

Борење

И борењето, како олимписки спорт, може да донесе афирмација на градов и државава. Младинскиот репрезентативец од БК 7 Мај Леов, Теодор Темелковски, успешно настапи во Истанбул на турнирот “Супер куп на Турција”. Учествувале суперсили, а во категоријата до 55 килограми биле 12-мина. Во првото коло без загубен поен прилепчанецот  совладал Грк, во второто Романец, а во полуфиналето, по голема борба загуби од Казахстанец – светски вицепрвак. Најзначајна е борбата за трето место каде со 8-7 го совлада европскиот првак, Бугаринот Димитар Тодоров.

Ова е најголем успех во кариерата на Темелковски, на задоволство и на тренерот Сашо Игнатовски.

Loading