ОД МАЈДАНПЕК ДО ШАБАЦ 1987

Историја

Точно 30 години минаа од незаборавната победоносна серија на Победа во сезоната 1987/88. Во Втората лига – Исток есента 1987 успесите се наредија од 27 септември до 22 ноември. Прво почна со победата од 1-0 дома со Мајданпек, потоа на гости кај Титоград (0-1), дома со гигантот ОФК Београд (2-1). На овој меч двата гола ги даде Гунев, а тренерот К. Анески настапи со: М. Јонуз, Костов, (Т. Наумоски), М. Стојкоски, Сусулески, Радевиќ, Ф. Јонуз, К. Митрески (С. Најдоски), М. Тодороски, Гунев, Тркалинов, М. Конески. Серијата продолжи со Металург во Скопје (0-1), дома со Влазними Ѓаковица (2-0), на гости кај фаворитот Борац во Чачак (0-1, стрелец Тркалинов, а во составот беа уште Шалев и В. Димоски), за потоа да следи триумфот дома со Црвена звезда Гнилане (3-0), ,,сомнително” реми дома со Нови Пазар (0-0), а поразот дојде од Мачва во Шабац (3-2).

Есента Победа се бореше за врвот, но пролетта падна на 10 место. 

Loading