ОБЈЕКТИ ОД ЈУЛИЈА МАНОЈЛОВСКА

Изложба на објекти од Јулија Манојловска ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. Љубителите на ликовната уметност ќе проследат објекти кои се транспарентни, но и кршливи, кои го ограничуваат просторот во кој нешто се случува. Нивната функција е да бидат аспекти на набљудување на поврзување на најчистите бои, како ослободена светлина, ликовна сензација.

Манојловска завршила ФЛУ во Скопје. Имала повеќе групни изложби и проекти. Била дел од ликовни колонии. Професор е по ликовна уметност во приватната гимназија Алгоритам во Скопје.

Loading