„ДВАПАТИ ХУМОР“ НОВА КНИГА НА ДРАГИ БАШЕСКИ

Dragi Baeseki so nova kniga„Двапати хумор“ е насловот на новата книга на новинарот и автор Драги Башески претставена пред љубителите на пишаниот збор. Во стихови и сказни за смеа на желни души разни, во која авторот ги пренесува забележувањата за спортски натпревари.

Башески вели дека  тука се негови белешки објавувани во неделникот Скок. Објавени  се  и  римувани стихови од прволигашки натпревари кои излегувале под наслов “Прва лига низ рима”.

Башески е повеќеслоен автор. Покрај новинар, карикатурист, спортски коментатор, го запознаваме и како извонреден хумористичен автор.

Според промоторот Петар Петрески, во првиот дел се третира спортот, односно, фудбалските натпревари низ несекојдневна призма на хумор и сатира.

– За секој позначаен меч има кратки, духовити коментари, стокмени во римувана форма. Тие, не само што ја отсликуваат ситуацијата на теренот, меѓу играчите и публиката, туку ја прикажуваат и нивната хумористична страна, видени низ духовитиот визир на авторот. Во вториот дел се поместени анегдоти, хумористични цртици и духовити забелешки, инспирирани од секојдневниот живот. Поразите и победите и во спортот, не треба да се доживуваат еуфорично, трагично и патетично. Поразите со доза на хумор се примаат полесно, а победите се доживуваат без непотребен експлозив во крвта. Едните се лицето, другите се опачината на спортскиот натпревар, ниту без едните, ниту без другите нема спорт, а богами и животот би ја загубил својата автохтона смисла – вели Петрески.

Башески ставил потпис на повеќе дела, меѓу кои “Родот Башески”, “Перото на прилепските новинари”, “Прилепските спортски големини”…, истражувал за убиства на револуционери, преточувајќи ги сознанијата во книги. Цртал, чкртал, кроел личности и настани, на хартија ги стоел и на изложби го понудил и обелоденил.

Победа – Тиквеш: Домаќинот три бода бара, со Тиквеш не сака да се скара. Кавадарчани се смешкаат, за бод се чешкаат. Пак за Победа, сега со Пелистер: Се среќаваат два ранети лава, со два притаени страва: но кој како ќе се снајде, така на табелата ќе се најде.

Loading