ДАВИД ВО СТАНИЦА 26

4 The-daf-project

Триото „The Daf Project“ на нашиот најдобар блус рок гитарист Давид Нешкоски, кој дел од своето музичко патешествие го помина во САД, имаше концертна промоција на албумот „Лет Го“ во ноќниот клуб Станица 26 во Скопје.  Тоа е најновиот проект заедни со Филип Јездиќ и Александар Шилоски. Рок триото е оформено од музичари со сериозно музичко искуство зад себе, со голем број соло изданија, снимени студиски албуми и настапи низ Балканот, Европа и САД. Новото CD на The Daf Project е именувано “Лет Го”.

Снимањето на проектот го изработија Давид Нешкоски и Александар Шилоски, а целосната аудио продукција, микс и мастер ја работи Александар Шилоски. Музиката и аранжманите се сработени од сите тројца, текстовите се на Давид Нешкоски. Тој има настапувано и соработувано со голем број познати музички имиња од блуз – рок сцената во Њујорк и Лос Анџелес. 

Loading