ВАРДАР ОД СОСИЕДАД НА ПОБЕДА

Фудбал

Duel od eden mec Pobeda - Vardar

Распоредот во фудбалот е толку згуснат, што натпревари има речиси секоја среда и недела. В недела (14.30 ч.) на Могила е дербито Победа – Вардар. Домашниот тим во саботата загуби на дербито во Битола од Пелистер (2-1), а во средата го одигра реванш-купот дома со второлигашот Брегалница (  –  ) и така се пласира во четвртфиналето, со оглед на победата и на првиот меч (3-2). Скопските “црвено-црни” во саботата ја совладаа Шкендија (4-2), а во четвртокот играа дома со шпанскиот Реал Сосиедад, во Лигата на Европа. Се очекува многу публика со оглед на тоа што овој тим на Вардар првпат е гостин во Прилеп.

Табела: Шкендија 25, Вардар 19, А. Пандев 17, Силекс 14, Пелистер и Шкупи 12, Ренова 10, Победа 9, Работнички 7, Скопје 5.

Loading