СПИСОК СО КРАСТАЈЦИ

– Кај си тргнал бе Спасе,

– Шо прашаш, ко да незнајш, кај одат прилепчани во сабота.

– Ааа,на пазар. Си поранил.

– Така ти се чини. Ти си се забаил.

– А бе почекај и јас сум за таму. Не брзај толку, че ни ги земат парите, не се сакалдисувај. Шо имаш за купување?

– Шо не. Прво кај Филипо, месото да го капарам. Таму до десетина сато, после можиш само муабет да си прајш.

– Кај него и муабето е сладок.

– После му влегуваш кај зарзавато. Шо нема сега, пиперки, домати, крастајци…

– И крастајци купуваш?

– Ги делкам со солца и ја лизгаат ракијата.

– Лизгањето поарно ти е со криви или прави или не одбираш, шо че дојди.

– Шо си запнал толку за крастајците. Крива, права – ракијата не одбира какви се.

– Не ми е гајле за ракијата, туку за тебе. Да не имаш ти мака од кривите.

– Ова ми мириса на сајкал. Тебе бесо те ватил, а мене глата да ми чади. Види колко ми е писулчево, ако заборам нешто, можам влечката да ја кркам .

– И список си носиш?.

– Саботен. Види колкав е .

– Е голем е, ама знај сната шо прај. И е страв да не залидаш, та после ни влечката не ти помага. Ама че се снајдиш, не си черашен.

– Прав си. Туку не ми се чкива добро. Види шо пишува кај шеската, да не грешам, после че ме носиш на душа. Прочитај ако гледаш поубо.

– Дај ваму, чорца еден?

– Читај,

– Праз!

– Како, како прочитај уште еднаш?

– Праз бе, праааа… не бе…

– Ај здраво, крастајцо една.

Џага Дур

Loading