МИНИ – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Борење

Младата репрезентација на Македонија веќе втор ден е во Истанбул, каде викендов ќе учествува на Супер купот на Турција. Се работи за високорангиран турнир, со право наречен како „мини-светско првенство“. Учествуваат велесили, покрај домаќинот, Иран, Русија… Во осумчлениот македонски состав е членот на БК 7 Мај Леов, Теодор Темелковски, а во Стручниот штаб е тренерот Сашо Игнатовски. Најистакнатите ќе одат на Балканијадата во Бурса.

Во средата, беше Државното првенство за пионери во Скопје, каде Стефан Стојаноски и Барбара Стојкоска се бореа за пласман на Балканијадата во Мурска Собота, Словенија.

Loading